Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека во сабота на 13.07.2024 година ќе се изведуваат градежни работи за асфалтирање со завршен слој на улиците „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ во центарот на градот.
За таа цел улиците ќе бидат затворени за сообраќај освен за градежната механизација која ќе се користи за изведување на градежните работи.
Сообраќајот ќе се пренасочи по улица „8ми Септември“, која ќе се користи за сообраќај во двата правци.
Ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на МВР- СВР Велес.
Се замолуваат граѓаните на Општина Велес да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да покажат трпение и разбирање во периодот на изведување на градежните работи, со цел да се овозможи непречено и квалитетно изведување на работите.