Општина Велес ги информира граѓаните дека поради подготовки и одржување на четвртото издание на Велешки спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај од денеска, 02 јуни, од 12 часот, па се до завршувањето на манифестацијата, 7 јуни. Во паркот ќе се пропуштаат само дистрибутерите до локалите кои претходно обезбедиле пропусница од организаторот на игрите спортско здружение СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС.

Општина Велес со апел до граѓаните да се почитува забраната за возила и замолува за разбирање  додека траат спортските игри.