Поради изведување на градежни работи за санирање на оштетен бехатон од коловоз на улица „Љубен Весов“, во непосредна близина  на куќен број 94 и 96, дел од улицата, утре (четврток) од сабајле до вечер ќе биде затворен за сообраќај.

Затворањето на улицата ќе биде на потегот од  „Солено Чешмиче“ кај дуќанчето, до ширинката кај оџакот на „Вила Зора“.

Улицата ќе се затвори со поставување на соодветна сигнализација.

Општина Велес со апел до граѓаните кои гравитираат на потегот на оваа улица да покажат разбирање и трпение, со цел  непречено изведување на градежните работи.