Се известуваат граѓаните на Oпштина Велес  дека од 16 март 2026 година, започнаа градежните работи на улица „Белградска“ – делот од спојот со улица „Димитрија Чуповски“ до спој со улица „Невена Георгиева Дуња“  во должина од околу 400 метри.

Во текот на реализација на градежните работи  ќе се користи градежна механизација од различен вид  и обем.  На лице место ќе биде  поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на МВР СВР Велес .

Се замолуваат граѓаните, опсобено оние кои живеат и транзитираат во тој дел на градот, да покажат трпение и разбирање додека се изведуваат градежните зафати и да ја почитуваат поставената  сообраќајна сигнализација во интерес на безбедно  изведување на градежните работи и безбедно одвивање на сообраќајот.

Ќе се врши темелна реконструкција на коловозот со тоа што  ќе се вади асфалтот и тампонскиот слој под асфалтот, потоа ќе се нанесува нов тампонски слој  и асфалтирање во два слоја.

Општина Велес со апел до жителите да се воздржат од паркирање на возилата на улицата, со цел да се овозможи непречено и навремено изведување на градежните работи.

Градежните работи ќе се изведуваат во траење од 60 дена.