Поради одржување на концертот на македонската музичка група „Суперхикс“, на 15 август, сабота, паркинг просторот кај ООУ „Блаже Конески“ ќе биде затворен за паркирање на возила.
Општина Велес со повик до граѓаните навремено да ги отстранат своите возила од паркинг просторот и да не паркираат на наведената локација во текот на денот, со цел непречено одржување на концертот.
Концертот е дел од активностите за одбележување на „Велешко лето 2026“.
Ви благодариме за разбирањето.


