На 21 октомври 2026 година (среда) ќе се врши бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација на улиците „Раштански пат“ и „Луј Пастер“ – од влезот на фабриката „Брако“ па се до Ветеринарната станица. Затоа овие делници, во одреден период од денот ќе бидат затворени за секаков вид на сообраќај.

Општина Велес со апел до учесниците во сообраќајот да покажат разбирање и да ја почитуваат поставената сигнализација до завршување на работите.