Денеска,  ( 04.08.2023 година),  започнаа  градежните работи за реконструкција на оштетени површини на дел од улицата „Прохор Пчински“  што води кон црквата „Свети Спас“.

Градежните работи ќе се изведуваат во траење од десетина дена. Во текот на изведувањето на градежните зафати ќе биде поставена сообраќајна сигнализација.

Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација,  да покажат трпение и разбирање додека се изведуваат работите.