Се известуваат сите граѓани и посетители кои ги користат водите на езеро Младсот за капење и рекреација дека лабораториските испитувања на квалитетот на водата извршени од Лабораторијата „Фуд лаб“ од Скопје на  ден 11.08.2023 година покажаа надминување на граничните вредности за присуство на цревни ентерококи и ешерихија коли на локациите Брод Панини и Градска плажа.

Кај бродот Панини утврдени се четири пати поголеми концентрации на ешерихија коли и два пати поголеми концентрации на цревни ентерококи. Според резултатите од анализите на земените мостри вода  кај  Градска плажа, во водите има четири пати поголема концентрација на цревни ентерококи.

Врз основа на овие резултати ве известуваме дека на споменатите локации капењето и рекреативните активности во вода не се безбедни. Се препорачува на сите граѓани и посетители да ги избегнуваат овие две локации.

Според анализите, водата кај хотелите Романтик и Бела Вода е со добар квалитет согласно законската регулатива.

 

Извештај