Во среда и четврток (15 и 16.11.2023) ќе се изведуваат асфалтерски работи на улица „Орце Шутев“ – на потегот од спој со улица „Јовче Ќучук“ кај мовчето, до спој со улица „Ѓорѓи Димитров“ на ширинката (кај дуќанчињата) во должина од околу 250 метри.

Во текот на овие два дена, тој потег од улицата нема да биде дозволен за сообраќај. Граѓаните се замолуваат да не ги паркираат возила на овој потег за време на изведување на градежните активности, како и на ширинката кај јаворот кај месноста Варналиите, за да се овозможи пристап на градежна механизација со која ќе се изведуваат работите – финишер, ваљаци, камиони за дотур на асфалт и друга градежна механизација.

Се замолуваат граѓаните да покажат трпение и разбирање, со цел непречено завршување на планираните работи од страна на изведувачот.