Од денеска, 03 мај .2023 година започнува реконструкцијата на улица „Лазо Осмаков“,   од потегот –  спој со улица „Љубљанска“  до  спој со улица „8 Велешка“.

Градежните работи ќе се изведуваат со ангажирање на градежна механизација од различен обем и вид, градежни машини, транспортни средства, механизација за асфалтирање и ваљаци. На лице место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на МВР СВР Велес.

Општина Велес со апел до граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација во интерес на безбедно  изведување на градежните работи и безбедно одвивање на сообраќајот.

Градежните работи ќе се изведуваат во траење од два месеца.