Се известуваат граѓаните  на Општина Велес кои имаат аплицирано за субвенционирање на инвертер клими и сончеви термални колектори дека извлекувањето на учесниците на јавните повици ќе се одржи во четврток, 06 јули .2023 година, со почеток во 10:30 часот во Електронската сала на Општина Велес.  Извлекувањето ќе се пренесува во живо на јутјуб каналот на Општина Велес.

Архивските броеви на сите уредни апликации ќе бидат извлечени редоследно и по извлекувањето ќе бидат ставени на список. Согласно редоследот на извлекување Комисијата ќе излегува на терен и ќе прави проверка на поставените уреди и на тој начин ќе ја утврди фактичката состојба. Врз основа на состојбата утврдена на терен и според редоследот ќе  бидат доделени средствата за субвенционирање сè до исцрпување на предвидените финансиски средства за оваа намена од буџетот на Општина Велес за 2023 година.