По објавените јавни повици за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед, инвертер клима и сончев термален колектор за 2026 година, комисијата ги отвори пристигнатите барања за субвенционирање и согласно одлуката, изборот по јавните повици ќе се реализира по принципот  „ со извлекување по случаен избор – транспарентно“ и тоа за велосипеди и инвертер клими. На барањата за субвенционирање на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, Општина Велес ќе одговори позитивно, затоа што сите пристигнати барања не ја надминуваат предвидената сума за исплата на овие трошоци.

Извлекувањето на барањата ќе се изврши во просториите на Општина Велес за што дополнително ќе бидете информирани на официјалната веб страница на општината и на социјалните мрежи.