Се известуваат граѓаните на Oпштина Велес дека поради обрушување на подземен канал за одведување на отпадни води на пристапен пат во градски парк кој води до влезот на спортската сала, патот ќе биде прекинат за сообраќај.

Ќе бидат поставени  барикади и сообраќајни знаци заради безбедност на граѓаните.

Пристапот до влезот на спортската сала ќе биде по патеката пред теретаната Лазариус.

Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација во интерес на безбедноста.