Се известуваат граѓаните на општина Велес дека утре – Среда – 08.04.2026 год и Четврток 09.04.2026 год  се планира  изведување на асфалтерски работи на ул Пајак Планина  .

За таа цел улицата ќе биде забранета за одвивање на сообраќај . Исто така потребно е да не се паркираат автомобили со цел да се овозможат услови за непречено изведување на работите , како и завршување  на асфалтерските работи .

Се работи за потегот од спој со ул Костурска , до спој со ул Мирка Гинева .

Ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација .

Се молат граѓаните да покажат трпение и разбирање во насока на дозавршување на започнатите градежни работи .