Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво на Општина Велес во соработка со МВР-СВР Велес, на 9 јули 2026 година (четврток) ќе ја реализира превентивната активност „Граѓанска патрола“.
Актиовноста има за цел превентивно делување преку посета на угостителски објекти и локации каде најчесто се собираат деца во доцните вечерни часови, се точи алкохол на малолетници и се нарушува јавниот ред и мир.
Акцијата се организира поради зачестените пријави од граѓаните за нарушување на јавниот ред и мир во вечерните часови и во неа ќе учествуваат членови на ОСПДП, претставници на МВР-СВР Велес како и советници на Советот на Општина Велес.
Место на собирање:пред зградата на Општина Велес во 21:00 часот.


