Утре – Петок 20.06.2025 год на ул Благој Ѓорев во непосредна близина на зградата на новиот театар ќе се изведуваат градежнозанаетчиски работи за замена на метална решетка на постоечка собирна атмосферска сливна решетка.

За таа цел ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација со цел безбедно одвивање на сообраќајот како и непречено и безбедно извршување на градежните работи.

Се замолуваат граѓаните на општина Велес да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Градежнозанаетчиските работи ќе се извршуваат во траење од неколку часови.