Општина Велес ги известува жителите на селата Иванковци и Кумарино дека согласно Решение бр.26-1300/13 од 20.08.2026 година и Решение бр.26-1300/14 од 20.08.2026 година, издадено од Агенција за храна и ветеринарство, се забранува водата за пиење од селски водоводи во селата Иванковци и Кумарино.

Поради утврдена неправилност, водата не смее да се користи за пиење, сè до укинување на забраната од страна на надлежниот орган.

На неколку локации во наведените села е поставено предупредување “ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ”, а Општината ќе ја информира јавноста веднаш по добивање на официјална потврда дека водата е безбедна за употреба.

Ги повикуваме граѓаните доследно да ја почитуваат изречената забрана и да постапуваат согласно насоките на надлежните институции.