Се известуваат граѓаните на општина Велес дека утре (Среда 03.02.2021)  и задутре ( Четврток  04.02.2021 год )  на дел од улица „Богдан Каракостев“ – од спој со улица “Ристо Најдов Шајката“  до спој со ул “Славјанска “ќе се изведуваат градежни работи – реконструкција на водоводни приклучоци од новопоставена  водоводна линија  до водомерите на секој потрошувач.

За да се овозможат услови за непречено изведување на градежните работи, потребно е да се запре, односно да се прекине сообраќајот на споменатата делница  во горенаведените денови.

Градежните работи се  дел од проектот за реконструкција на водоводни линии кои ги финансира Министерството за транспорт и врски, а  ги изведува „Делта пром инг “ од Велес.

Се молат граѓаните да ја почитуваат мерката за прекин на сообраќајот на наведената делница.