Согласно Законот за животна средина  („Службен весник на РМ“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22), Општина Велес објавува на својата веб страна:

“Известување за за намера за изведување на проект и утврдување на потребата од оцена на влијание врз животната средина за проектот – Екслоатација на техногена минерална суровина (ТМС) на локалитет Баш колиби со поставување на постројка за дополнителни активности на дробење и мелење на ТМС во општина Велес”,

Инвеститорот КЕПС МОНТ ГРОУП ДОО Скопје достави Писмо за намера за изведување на проект и утврдување на потребата од оцена на влијание врз животната средина за проектот –Екслоатација на техногена минерална суровина (ТМС) на локалитет Баш колиби со поставување на постројка за дополнителни активности на дробење и мелење на ТМС во општина Велес до Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Како општина каде се планира да се спроведува проектот горенаведеното известување е доставено и до општина Велес за консултации, информации и мислења согласно горенаведениот Закон.

Известувањето за намера за изведување на проект заедно со формулар за мислење и забелешки се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk

 

Со почит ,

                                                                                             Градоначалник

                                                                                           на Општина Велес

                                                                                                Марко Колев

Известување

Формулар