Како резултат  на оштетување на дел од потпорен ѕид од камен на улицата „Димче Димовски Кокошарчето“ во Велес (во непосредна близина на  Стар Мост, позади станбена куќа) и обрушување на дел од ѕидот – камења  од различна големина, ве известуваме дека улицата не е безбедна  да се користи за пешаци и за возила  на потегот од спој со улица „8 Септември“  до спој со улица „Стојан Јанаќиевиќ“.

За таа цел општина Велес постави неопходна сообраќајна сигнализација со која се забранува  користење  на споменатата должина од  улицата за пешаци и возила.

Во меѓувреме општина Велес ќе преземе активности за распишување на јавна набавка за избор на изведувач за реконструкција и санација на делот од оштетениот потпорен ѕид.

Поставената сообраќајна сигнализација за забрана ќе остане сè до моментот на завршување на градежните работи за реконструкција и санација на делот од ѕидот. Се очекува да биде саниран за најмалку 45 дена.

Се замолуваат граѓаните да покажат разбирање и да  ја почитуваат поставената сигнализација заради безбедност.