Се известуваат сите граѓани на општина Велес, како и граѓаните кои имаат дејност – објекти, складишта, магацини и сл. во ИЗ УЗУС, дека на 15.09.2021 год (среда),, во индустриска зона УЗУС ќе се изведуваат асфалтерски работи на улица „1А“.
Поради оваа причина улицата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај, а истиот ќе се пренасочи по дел од улица „Андон“ Шурков – кај кулите пред УЗУС.
Оттука апелираме за внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сигнализација, а воедно се замолуваат граѓаните за разбирање и трпение, во интерес на безбедно и квалитетно извршување на работите.