Поради припреми на спортските терени во Градски парк за одржување на престојните спортски игри, почнувајќи од денеска 31  мај 2022 година до 5 јуни 2022 година (недела) градскиот парк ќе биде затворен за возила, освен за дистрибутери со пропусница. Граѓаните и рекреативците ќе можат непречено да се движат во паркот.

Се замолуваат граѓаните за разбирање со цел непречено и безбедно одржување на спортските игри.

Спортските игри се во организација на Евентиве ДОО со поддршка на Општина Велес. Спортските екипи што ќе учествуваат во игрите ќе си ги измерат силите во кошарка, тенис, мал фудбал и одбојка на песок.