Се известуваат граѓаните на Велес дека од утре  (среда,  27.04.2022 година) започнуваат градежни работи за реконструкција на улица „Браќа Капчеви“ – од кај Стар мост до спој со улица „Коле Цветков“.

Ќе се врши гребење на постоечкиот асфалт, чистење, обеспрашување,  асфалтирање и останати градежни активности.

Во текот на изведувањето на градежните работи ќе се користи механизација од различен вид.

Се замолуваат граѓаните да ги отстранат своите возила со цел да се создаде  простор и услови за безбедно извршување на работите.

Во текот на изведувањето на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Градежните работи би требало да завршат за 15 дена.