Се известуваат граѓаните кои имаат аплицирано за субвенционирање на инвертер клими и сончеви термални колектори дека извлекувањето на учесниците на јавните повици ќе се одржи утре, 07.09.2022 година, со почеток во 12:00 часот во Електронската сала на Општина Велес.  Извлекувањето ќе се пренесува во живо на јутјуб каналот на Општина Велес.

Архивските броеви на сите уредни апликации ќе бидат извлечени редоследно и по извлекувањето ќе бидат подредени на список. Согласно редоследот на извлекување Комисијата ќе излегува на терен и ќе прави проверка на поставените уреди и на тој начин ќе ја утврди фактичката состојба. Согласно утврдената состојба на терен и според редоследот ќе  бидат доделени средствата за субвенционирање сè до исцрпување на предвидените финансиски средства за оваа намена од буџетот на Општина Велес.