Почитувани сограѓани,

Поради кризната состојба предизвикана од вирусот Ковид-19, Пролетната акција за собирање на габаритен отпад ќе се спроведе исклучително во периодот од 6 мај до 8 мај 2021 година.

Ја имате можноста потребата за собирање на габаритниот отпад од вашите домови да ја пријавите во ЈКП „Дервен”, најдоцна до 5 мај 2021 година (среда), секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот, на следните телефонски броеви:

– тел. 043/233-768,

– моб. 075/206-845, 076/274-000 (од 07:00 до 11:00 часот),

– моб. 075/303-168 (од 11:00 до 15:00 часот).

За габаритен отпад се подразбира:

  • Мебел, делови од мебел, душези, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи;
  • Санитарии: кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалет школки, славини за вода, огледала;
  • Градинарска опрема: огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи;
  • Друг габаритен отпад: ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.

Габаритниот отпад не изнесувајте го на јавни површини и не оставајте го до контејнерите за отпад пред да се обратите до ЈКП „Дервен”, бидејќи услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна.

Ви благодариме за соработката!

Со почит,                                                                                                             

Општина Велес и ЈКП „Дервен”