Се известуваат граѓаните  на општина Велес ( кои живеат или транзитираат во тој дел од градот )   дека од Петок   – 22.10.2021 год  ќе започнат градежни актривности

за реконструкција на завршен  слој на дел од улица Архиепископ Михаил (делот со гранитна коцка )   и  тоа:

  • Делот кој започнува под градинката кај училиште Кирил и Методи па се до спој со ул 9ти Ноември  .

Во текот на изведувањето на градежните работи, ќе се користи градежна механизација со што ќе дојде до нарушување на нормалното одвивање на сообраќајот по улицата со автомобили.

За таа цел апелираме до граѓаните кои користат пристап со возила до гаража или двор преку оваа улица,

да ги преместат возилата на друга локација, се со цел да се создадат услови за непречено изведување на градежните активности.

Замолуваме за разбирање и трпение во текот на извршувањето на работите.