Се известуваат сите граѓани на општина Велес, како и граѓаните кои имаат дејност – објекти, складишта, магацини и сл. во близина на фабриката А.Д „Киро Ќучук“, дека од 04.10.2021 год. (понеделник), со почеток од 07:00 часот, ќе се отпочне со реконструкција и модернизција на коловозот на патниот премин со елементи од рециклирана гума.

Поради оваа причина ќе има времена измена на режимот на одвивање на сообраќајот, преминот преку пруга на улица „Раштански пат“ ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај, а истиот ќе се пренасочи по улица Луј Пастер.

Оттука апелираме за внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сигнализација. Воедно се замолуваат граѓаните кои гравитираат на тој дел од градот за разбирање и трпение, во интерес на безбедно и квалитетно извршување на работите.

 

Планираните активности ќе се извршат во периодот од 04.10.2021 со почеток од 07:00 часот до 08.10.2021 со завршување до 18:00 часот.