Се известуваат сите граѓани на општина Велес, како и граѓаните кои гравитираат на тој дел од градот, дека од понеделник – 18.10.2021 год по нормализирање на временските услови, ќе започнат градежни актривности за реконструкција на асфалтен слој на улица Петре Поп Арсов.
И тоа:
- од спој со ул Христо Татарчев наспроти интернатот па се до спој со ул д-р Христо Татарчев кај бр 20 (улицата кон училиште “Коле Неделковски“ )
Во текот на изведувањето на градежните работи, ќе се користи градежна механизација со што ќе дојде до наружување на нормалното одвивање на сообраќајот по улицата со автомобили.
За таа цел апелираме до граѓаните кои користат пристап со возила до гаража или двор преку оваа улица, да ги преместат возилата на друга локација, се со цел да се создадат услови за непречено изведување на градежните активности.
Замолуваме за разбирање и трпение во текот на извршувањето на работите.