Поради временските неприлики од утрово, денеска, 11.03.2022 година, нема да се изведуваат градежни работи на улица „Архиепископ Михаил“, поточно спојот со улица „Љубен Весов“ до спој со улица „Коле Неделковски“ (кај јаворот). Бетонирањето на плочата од улицата е поместено за утре, сабота, 12.03.2022 година.
Поради градежните зафати, улицата ќе биде затворена за сообраќај во период од 10:00 до 12:00 часот со употреба на соодветна сообраќајна сигнализација.
Се замолат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација и да покажат разбирање во интерес на безбедно изведување на градежните работи.