Се известуваат граѓаните на Велес дека од денеска, 18.04.2022 година, започнува реконструкција на дел од улица „Александар Несторов“ од спој со улица Славе Ефтовски. Ќе се изведуваат градежни активности на делот од улицата кој е најстрмен и е поплочен со завршен слој коцка.

За време на изведувањето на градежните работи ќе се користи градежна механизација – машини и транспортни средства за што ќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.

Градежните работи ќе се изведуваат околу 10 дена.

Заради побезбедно изведување на градежните зафати, се замолуваат граѓаните да ги преместат своите возила на друга локација и да покажат разбирање и трпение со цел непречено изведување на градежните работи.