Почитувани,

Општина Велес Ве известува дека на ден 13 и 14 мај 2026 година (среда и четврток) ќе се врши хоризонтално обележување на улицата „Лазо Осмаков“, на потегот од крстосницата со улица „Љубљанска“ до крстосницата со улица „8-ма Велешка бригада“.

Поради тоа, Ве молиме навремено да ги препаркирате Вашите возила, за да може обележувањето да се изврши во најкраток можен рок.

Ви благодариме за разбирањето.