Почитувани граѓани,

Под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, во 18:00 часот во Пеширово Св.Николе се реализира полнењето на авионот со средство за прскањето против комарци. Во утринските часови ќе се изврши прскањето доколку дозволат временските услови.

По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е операторот „Бонер“ Куманово. Согласно договорот помеѓу општината и операторот,  за авионска апликација на средство за аеросолна дезинсекција, прскањето ќе се изврши со средството KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производител  KULSAN ILАС, од Турција. Одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 19-359/2 од 30.04.2018 година.

Со почит

Општина Велес