ЈАВЕН ПОВИК бр. 2/2022
за издавање на шанкови на Градски базен Велес
за сезона 2022 година
Јавното претпријатие „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес, објавува јавен повик за издавање на шанкови во Градски базен Велес, за сезона 2022 година. Издавањето на закуп на три (3) шанка на градски базен по јавно објавен повик на локалните медиуми, веб страната на Општина Велес и на огласни табли на Градски базен и Спортска сала „Гемиџии“ Велес.
Јавно објавениот оглас ќе трае 3 (три) работни дена во кои барателите треба ја да поднесат следната документација:
- барање,
- тековна состојба на субјектот или решение за регистрирана дејност и
- лиценца за продажба на алкохол.
Штандовите ќе се издаваат поединечно, на начин што за секој штанд доколку има повеќе од 1 (еден) барател, ќе се организира извлекување по принципот на лотарија. Користењето на шанкот отпочнува по потпишување на договорот за закуп.
По изборот на закупец на шанк се склучува писмен договор меѓу ЈП и корисникот, за време траење до 3 месеци. Плаќањето на закупот и другите трошоци, се врши вирмански по добиена фактура.
За закуп на шанк на градски базен се одредува фиксна цена во износ од 18.500,00 денари со вклучен ДДВ за еден месец.
Цената на закупот се однесува само за закуп на шанк, додека трошоците за потрошена електрична енергија се пресметува паушално, другите комунални трошоци ќе се одредуваат според површината на користење. За евентуално направена штета при користење на опремата и врз имотот на градскиот базен, штета ја надоместува корисникот на услугата.
Закупот на шанк вклучува и простор за поставување на маси за гости на површина од 70 м2.
При поднесувањето на барањето за закуп да се наведен редниот број на шанк за кој се однесува барањето. Местоположбата на шанковите во Градски базен е следниот:
- Шанк бр. 1 – Влез од страна на паркинг на ЈКП „Дервен“,
- Шанк бр. 2 – Под мостот и
- Шанк бр. 3 – Од страна Градски стадион
Секој заинтересиран има можност да изврши увид на лице место, за време на траење на објавата.
Барањата се поднесуваат во период од 07,30 до 15.00 часот во Спортска сала „Гемиџии“ или по пошта на адреса ул. Алексо Демнивески – Бауман бб, Велес.
На шанковите на градски базен дозволено е да се врши продажба само на пијалоци, сладолед и пакувана храна со декларација и соодветна документација за производот.
Закупците на шанкови се должни целосно да се придржуваат кон одредбите на куќниот ред на градски базен, а целокупната организација на работата на шанкот и комуникацијата со посетителите се во нивна надлежност и одговорност.
Директор,
Димче Левков