Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното собрание на млади (ЛСМ) на Општина Велес, објавува Јавен повик за членство во Локално собрание на млади за што ги повикува сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други форми на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани во Општина Велес, а кои ќе ги исполнат следните критериуми:

– Да имаат активности на територијата на Општина Велес,

– Да се основани и активни најмалку една (1) година пред отворањето на овој Повик и

– Предложениот/та делегат/ка и заменик-делегат/ка да се жители на Општина Велес и да се на возраст од 15 до 29 години.

Сите информации во врска со Повикот, како и за целиот процес на формирање на Локален младински совет, може да ги најдете на интернет страницата на Општина Велес (www.veles.gov.mk), во делот „МЛАДИ  (https://veles.gov.mk/mladi-2022/).

 

Со почит,