Формирањето на Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното собрание на млади на Општина Велес е еден од чекорите за формирање на Локалниот младински совет.

Општина Велес го објавува Јавниот повик за формирање на Иницијативниот одбор, чија задача е да го конституира Локалното собрание на млади.

Ова тело ќе биде составено од пет (5) членови, а во истиот може да членуваат претставници на: младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички организации, студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територија на општината. Предложените лица треба да се жители на Општина Велес, на возраст од 15 до 29 години.

Јавниот повик е достапен на www.veles.gov.mk, во делот „Млади“, на следниот линк.

Сите заинтересирани можат да ги достават документите во архивата на Општина Велес на ул. „Панко Брашнар”, бр. 1, 1400 Велес, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

Јавниот повик ќе биде отворен седум (7) работни денови, почнувајќи од четврток, 6 октомври, заклучно со понеделник, 17 октомври 2022 година.

Локалниот младински совет ќе придонесе за подобрување на состојбите на младите на локално ниво. Младинскиот совет ќе спроведува активности и политики за млади согласно Законот за младинско учество и младински политики.