Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен Инвертер клима уред (Службен гласник на Општина Велес бр. 04/21, 09/21), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен Инвертер клима уред за 2021 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 04/21), Општина Велес објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на физички лица за купен Инвертер клима уред
за 2021 година
1. Опис на јавниот повик
Општина Велес на физичките лица кои ќе купат Инвертер клима уред од денот на објавувањето на Јавниот повик 06.07.2021г., заклучно со 05.08.2021г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување Инвертер клима уред.
На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на Инвертер клима уред во висина од 30% (триесет проценти) од вредноста на инвертер клима уредот, но не повеќе од 15.000,00 (петнаесет илјади) денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.
2. Право на учетво на јавниот повик
Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат Инвертер клима уред од денот на објавата на јавниот повик па се до 05.08.2021г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на Инвертер клима уред, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.
3. Услови што треба да ги исполни барателот
Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:
- да е жител на Општина Велес,
- да нема добиено финансиски средства за набавка на Инвертер клима уред од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
- Инвертер клима уредот да е купен на денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
- да има потврда од фирмата-продавач на Инвертер клима уредот за гарантирани минимум карактеристики на самиот Инвертер клима уред (со приложување на копија од спецификација за купениот уред како составен дел кон потврдата);
- Инвертер клима уредот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
- станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
- набавените уреди задолжително да ги имаат најмалку следните карактеристики: да имаат најмалку COP 3.2, да греат на надворешна температура од -15°C и бидат најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење,
- само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок.
4. Начин на пријавување на јавниот повик
Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:
- Барање за субвенција (барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: veles.gov.mk ),
- Фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес, (со задолжително приложување на телефонски број за контакт)
- Изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на Инвертер клима уред на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината veles.gov.mk ),
- Фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
- Доказ дека е извршено купување на Инвертер клима уред и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
- Потврда од фирмата-продавач на Инвертeрот за гарантирани минимум карактеристики на самиот Инвертeр (со приложување на копија од спецификација за купениот уред како составен дел кон потврдата);
- Потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран Инвертер клима уредот заклучно со 2020г.
Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен Инвертер клима уред, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.00 часот, во затворен плик.
На пликот на задната страна да се наведе: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување Инвертер клима уред”.
Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5. Начин на спроведување на Јавниот повик
За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен Инвертер клима уред.
Општина Велес на својата веб страна ќе ја извести јавноста за прекинување на Јавниот повик пред истекот на крајниот рок при пристигнување на доволен број на барања со кои ќе се исцрпат средствата за оваа намена, како и за продолжување на крајниот рок од овој Јавен повик до целосно исцрпување на средствата.
Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.
6. Начин на остварување на правото на надоместок
По секое поединечно комплетно барање, Комисијата врши увид дека Инвертер климата е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.
Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран Инвертер клима уредот.
Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.
Градоначалникот на Општина Велес на предлог од Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.
Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.
Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.