Врз основа на член 17-а став 2 и чл.26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен Весник на Република Македонија„ бр.З8/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен Весник на Република Северна Македонија„бр. 75/19,89/22 и 274/22) како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен Весник на Република Северна Македонија бр.28З од 27.12.2022 година),
Советот на Општина Велес објавува:
Јавен повик
за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјалнофинансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес
- ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на два члена члена на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес.
Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен Весник на Република Северна Македонија бр. 283). Основна дејност на претпријатието e 36.00 Собирање, обработка и снабдување со вода.
- ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.
Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk и на страната на ЈКП „Дервен“ Велес https://derven.mk/
- УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
За член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес на јавното претпријатие може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:
- е државјанин на Република Северна Македонија
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен Vll степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие и
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Освен условите наведени во член 26 став 2 од Законот за јавни претпријатија, членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес, треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:
- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, согласно Националната класификација на дејностите на Државниот завод за статистика,
- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и
Времетраењето на мандатот на членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.
- РАБОТНИ ЗАДАЧИ, ОДГОВОРНОСТИ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА НАДЗОРЕН ОДБОР ЗА КОНТРОЛА НА МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Согласно член 27 од Законот за јавните претпријатија, Надзорниот Одбор, ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:
- Заради вршење на работите на контрола, надзорниот одбор за контрола може да врши испитување на лице место на сите документи и списи на јавното претпријатие. Надзорниот одбор за контрола може заради испитување на документите и списите на јавното претпријатие да повика стручни лица кои ќе му помагаат во решавањето на надзорот.
- Членовите на надзорниот одбор за контрола можат да присуствуваат на седницата на управниот одбор и им се доставува покана со сите материјали што им се доставуваат на членовите на управниот одбор.
- Надзорниот одбор за контрола задолжително ги прегледува тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, годишните сметки и извештајот за работа на јавното претпријатие и по прегледувањето му дава мислење на управниот одбор. Управниот одбор не може да ги усвои тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, годишните сметки и извештајот за работењето на јавното претпријатие, ако претходно не добие позитивно мислење од надзорниот одбор за контрола.
- Надзорниот одбор за контрола може да дава одобрение на актите донесени од управниот одбор, доколку тоа е утврдено со статутот на јавното претпријатие.
- Извештајот за прегледот на годишните сметки и извештајот за работењето на јавното претпријатие со свое мислење, надзорниот одбор за контрола му го доставува на министерот за финансии. Во извештајот до министерот за финансии, надзорниот одбор за контрола го известува за состојбата на јавното претпријатие врз чие работење врши контрола. Надзорниот одбор за контрола копие од извештајот му доставува и на министерот надлежен за работите на соодветната дејност.
- Претседателот на надзорниот одбор на јавното претпријтие или доколку претседателот од оправдани причини не е во можност да присуствува членот на надзорниот одбор овластен од претседателот, е должен да присуствува на седницата на Советот на општината, кога се дискутира и се одлучува за работи и документи од надлежност на надзорниот одбор на јавното претпријатие.
- Надзорниот одбор задолжително се состанува најмалку четири пати годишно.
- НАДОМЕСТОК
Претседателот и членовите на надзорниот одбор на јавното претпријатие за секоја седница на надзорен одбор на која присуствувале имаат право на надоместок во висина до една третина од просечната нето плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.
Висината на надоместокот од ставот 2 на овој член со одлука го утврдува основачот на јавното претпријатие.
Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на Надзорниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес се:
- Државјанство на Република Северна Македонија,
- Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VIl/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие,
- Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Историјат за вработување од Агенција за вработување на Република Северена Македонија со евидентиран стаж,
- Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна материјална, морална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација,
- Кратка биографија,
- Писмо за интерес/мотивација,
- Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.
- ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЧЛЕНОВИТЕ
Постапката за селекција на членовите на надзорен одбор за контрола на материјалнофинансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес се состои од две фази и тоа:
– административна селекција (се состои од проверка на внесените податоци во пријавата со условите утврдени во Јавниот повик и бодување и
– интервју
Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk.
- РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВЕНИТЕ
Јавниот повик се објавува на ден 12.07.2023 година и трае 15 (петнаесет) работни дена, односно најдоцна до 01.08.2023 година.
Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оргинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е прилог кон повикот) да ја достават до:
Општина Велес, ул„Панко Брашнар” бр.1, 1400 Велес или во архива на Општина Велес (со назнака: За Јавен повик за именување на член на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Дервен“ Велес)
Краен рок за поднесување на пријавите е 01.08.2023 година.
Незадоволните кандидати од постапката за селекција за членови во управниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.
Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.