Во пресрет на Велигденските празници Општина Велес организира Велигденски базар на ракотворби. По тој повод се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар. Заедно со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица треба да достават копија од лична карта. Пријавувањето ќе трае од 16 до 20 март. Велигденскиот базар ќе се одржи од 4 до 8 април, на тезгите поставени на тротоарот на улица „Благој Ѓорев“, на потег од постојката кај Панини надоле.
Со цел избегнување на сообраќаен метеж, сите изложувачи ќе бидат задолжени за почитување на точно утврден термин за достава и собирање на производите.


