Општина Велес ги повикува граѓанските организации кои делуваат во областите спорт и рекреација, спасување и социјални услуги: грижа за лица со ограничена мобилност и лица со попреченост, да достават предлози за вклучување во проектот „ИНКЛУЗИВЕН СМАРТ ТУРИЗАМ – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и спроведуван од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Во рамките на проектот во тек е изградба на инклузивно игралиште за деца и млади, прилагодено и за деца и лица со ограничена мобилност, слепи лица и лица со попреченост.
Проектот вклучува и платформа со дополнителна опрема за влез во езерото Младост на плажата уредена од Општина Велес (во непосредна близина на новоизградениот паркинг).
Во рамките на повикот ќе бидат избрани граѓански организации
од областите спорт и рекреација, спасување и социјални услуги: грижа за лица со ограничена мобилност и лица со попреченост кои ќе бидат активно вклучени во реализацијата на проектот во период од 12 месеци.
Избраните граѓански организации ќе бидат обврзани да организираат активности поврзани со инклузивното игралиште и плажата во соработка со сите 9 општини од Вардарскиот плански регион и во координација со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Критериуми за избор:
- Граѓанската организација да е со седиште во Општина Велес;
- Граѓанската организација да е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија (во соодветна дејност);
- Граѓанската организација да има сопствена жиро сметка;
- Граѓанската организација да делува најмалку 3 години;
- Граѓанската организација да достави информација со докази (документи) за реализирани најмалку 2 проекти од јавен интерес во областите на делување, во изминатите 3 години;
- Граѓанската организација да достави План/Програма за работа во рамките на проектот, за период од 12 месеци;
За изборот на граѓанските организации ќе одлучува тричлена комисија составена од претставници на Општина Велес и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Граѓанските организации документацијата за вклучување во проектот (План/Програма и придружни документи според барањето на повикот) можат да ги достават на следните контакти:
За организации од областа на социјална заштита
Родна Трајковска
Контакт: rodna.trajkovska@veles.gov.mk
Телефон: 076 351 675
За организацииод областа на спорт, рекреација и спасување
Владимир Смилев
Контакт: vladimir.smilev@veles.gov.mk
Телефон: 078 226 519
Од истите контакти граѓанските организации можат да добијат и дополнителна документација за проектот на нивно барање.
Општина Велес ги охрабрува граѓанските организации заеднички да аплицираат на овој повик. Соработката помеѓу две или повеќе граѓански организации кои заеднички ќе се јават на овој повик се смета за додадена вредност на апликацијата.
Рок за апликација: 11.06.2021 до 15:30 часот.