Согласно член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18 и 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20) и член 22 став (1) алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“бр. 62/05…..120/18 и „Службен весник на РСМ“бр. 110/19….288/21)

Градоначалникот на Општина Велес објавува

 ЈАВЕН ОГЛАС

за засновање на работен однос на определено време

 Општина Велес има потреба од работник за засновање на работен однос на определено време за следното работно место:

 1.Советник за сообраќај и патишта во Одделение за комунални работи и сообраќај

 – 1 извршител

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

Општи услови

да е државјанин на РСМ,

-активно да го користи македонскиот јазик,

-да е полнолетен,

-да има општа здравствена способност за работното место,

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 посебни услови:

стручни квалификации, и тоа:
– за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен

работно искуство:

-за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката.

вид на образование:

-сообраќај и транспорт

посебни работни компетенции:

– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

општи работни компетенции за средно ниво и тоа:

решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, ориентираност кон клиенти/засегнати страни, финансиско управување

Кандидатите кон Пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар и тоа:

– Биографија (CV)

– Диплома  за завршено образование, оригинал  или заверен  препис

– Уверение за Државјанство на РСМ, оригинал  или заверен  препис

– Доказ дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

– Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место,

– Доказ за работното искуство

– Доказ за познавање на компјутери

– Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

-Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време,дневно работно време: со почеток од 07:30 до 08:00 часот и завршување на работното време помеѓу  15:30 до 16:00 часот

Износот на месечна нето плата за работното место од точка 1. изнесува  29.124,00 денари

Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време (до истекот на одобреното отсуство на отсутниот работник).

Јавниот огласот трае 3 работни дена од денот на објавувањето во дневен печат, не сметајќи го денот на објавување во дневен печат.

Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавниот оглас.

Пријавата за враборување може да се преземе од веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk

Кандидатите со пријавата, документација треба да ја достават до архивата на Општина Велес или по пошта на адреса: Општина Велес  ул. „Панко Брашнар“ бр.1-Велес, со назнака: за „Јавен Оглас за засновање на работен однос на определено време“

Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок ќе се сметаат како неблаговремени и истите нема да се разгледуваат.

За Општина  Велес, тел.контакт 043-232 406.