Врз основа на член 110 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.02/26 и 08/26), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 17/07 и 10/26) , Комисијата за јавни дејности распишува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за прибирање предлози за доделување на

наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година

  1. Наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите.
  2. Наградата се доделува за студент кој постигнал најдобар успех во претходните академски години.
  3. Предложениот кандидат за наградата треба да ги исполнува следните услови:

– Да е студент на еден од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство

– Да има просечен успех од најмалку 9,5.

– Да е жител на Општина Велес.

  1. Предлог за добитник на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ може да поднесе секој граѓанин на Општина Велес и самиот студент.

Кон предлогот се доставува и уверение за предвидените и положени испити за завршените години од студирањето, како и лични податоци за кандидатот (копија од индекс и лична карта).

Предлогот мора да биде образложен.

Документите се доставуваат во оригинал или заверен препис од Нотар, а за студенти кои се запишани на факултет во странство доставените документи да се преведени од овластен судски преведувач.

  1. Наградата се доделува на свеченост по повод 9 Ноември – Денот на Општина Велес.
  2. Предлозите се доставуваат до Комисијата за јавни дејности на Советот на Општина Велес, со назнака за „Јавен повик за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес најдоцна до 21 октомври 2026 година.