Општина Велес ги информира граѓаните дека во понеделник, 19 декември 2022 година, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи Јавна расправа за Нацрт буџетот на Општина Велес за 2023 година.
Јавната расправа ќе се одржи онлајн преку платформата CiscoWebex.
Заинтересираните учесници можат да се приклучат на расправата преку следниот линк:
Мeeting link: https://opstinaveles.webex.com/opstinaveles/j.php?MTID=maba310b19abfa17fab20a85213060f59
Meeting number: 2399 912 6830
Password: pfD5hDwNn73
Ве повикуваме да се вклучите и да земете учество во креирањето на Буџетот на Општина Велес за 2023 година и со своите предлози и идеи да придонесете во создавање на Граѓански буџет преку кој ќе се реализираат развојните програми на општината.
Доколку не сте во можност да присуствувате на расправата а имате предлози и идеи можете да ги доставите на gragjani@veles.gov.mk најдоцна до 20.12.2022година.