Општина Велес Ве поканува на Jавнa расправa по Нацрт-програмите на општината за 2020 година. Јавната расправa ќе се одржи на  07.11.2019 година (четвртоксо почеток во 16:30 часот во големата сала на Општина Велес и тоа за:

  • преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.)
  • претставници од урбани и месни заедници и
  • заинтересирани граѓани

На Јавната расправа ќе бидат разгледувани Нацрт – програмите на Општина Велес за 2020 година:

  1. Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2020 година.
  2. Нацрт-програма за изработка на Урбанистички планови  во Општина Велес за 2020 година.
  3. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2020 година.
  4. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2020 година.
  5. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2020 година.
  6. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2020 година.
  7. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на јавната чистота и јавното зеленило во 2020 година.
  8. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка во 2020 година.
  9. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2020 година.
  10. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2020 година.
  11. Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2020 година.
  12. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2020 година.
  13. Нацрт-програма за активностите на Oпштина Велес за поддршка на младите во 2020 година.
  14. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2020 година.

Нацрт- документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги најдете и во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk, Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на засебниот линк за коментари на истата веб страна.

Со почит,
Општина Велес