Следејќи ги принципите за транспарентност, одговорност и отчетност Општина Велес денеска организираше јавна расправа по Нацрт буџетот на општината за 2022 година. Поради актуелната состојба со Ковид 19, јавната расправа се одржа онлајн.
Учесниците на распаравата, граѓани претставници на Граѓански здруженија, бизнис секторот и локалните институции и установи имаа можност да ги кажат своите забелешки, сугестии и предлози по Нацрт буџетот.
Согласно со востановената практика сите конструктивни забелешки ќе бидат вградени во предлог верзијата на буџетот за 2022година. На овој начин Општина Велес обезбедува максимална вклученост на граѓаните ио заедницата во планирањето на Граѓанскиот буџет.