Општина Велес со честитки за успехот на нашиот сограѓанин Ангел Петрушев, кајакар, кој го освои првото место на ICF world ranking на 78. Интернационален Татра слалом во Словенија. Освоениот трофеј е со уште поголема вредност  поради фактот што по цели 78 години традиција на овој слалом, Ангел е првиот и единствен Македонец кој успеал да го освои овој трофеј.

Општина Велес и понатаму посветено ќе го поддржува спортот и спортистите кои со својот професионализам го освојуваат светот и ја промовираат Македонија.