Ново улично осветлување во селата Оризари, Караслари, Црквино и Клуковец. Изминатиот период се работеше на промена на мрежата на улично осветлување во овие четири села. Во наредниот период продолжуваат активностите на терен за целосно завршување на промената, како и за отстранување на дефектите во мрежата, со што новото улично осветлување ќе биде целосно функционално.