На 5 октомври 2022 година (среда) ќе почне реконструкција на дел од улицата „Димче Мирчев“ во должина од околу 270 метри. Градежните работи ќе се изведуваат од раскрсницата во центар, на спојот со улиците „Страшо Пинџур“ и „Гоце Делчев“ (кај преминот кон музичкото училиште). За изведување на градежните зафати ќе се користи механизација-градежни машини и превозни средства. Поради малата широчина на улицата и заради безбедно изведување на реконструкцијата, улицата „Димче Мирчев“ ќе биде исклучена од сообраќај со поставена сообраќајна сигнализација.

Во периодот на изведување на градежните работи потребно е граѓаните да ги почитуваат поставените знаци и да не ги паркираат своите возила на улицата.

Општина Велес со апел до граѓаните да покажат трпеливост и разбирање за време на изведување на градежните работи со цел безбедно, квалитетно и навремено извршување на работите.