На покана на македонско-германското стопанско здружение и Фондациите „Фридрих Еберт“ и „Конрад Аденауер“, Градоначалникот Марко Колев присуствуваше на панел дискусијата „Идната споработка помеѓу општините и стопанството“ што се одржа во Скопје. На конференцијата учествуваа и се обратија Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадор на Сојузна Република Германија, Рене Шлее, Директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Даниел Браун, Директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“, како и градоначалници на повеќе општини во државата.

Целта на панел дискусијата е предизвиците и перспективите за идната соработка помеѓу општините и стопанството во насока на подобрување на услугите кои што општините  ги даваат на сегашните и потенцијални германски инвеститори.