Општина Велес и Киноверзум ве покануваат на киногејминг во рамки на Велешко лето. Кино на отворено ќе се одржи вечерва и утревечер, 14 и 15 јули, во Градски парк со почеток во 19:00 часот. Љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да учествуваат во гејминг дуели и да уживаат во кино под ѕвездите, а истовремено да освојат и симболични награди. Пријавувањето е директно на локацијата а бројот на тимови е ограничен. Ве очекуваме.

Во рамки на програмата, вечерва, со почеток во 21:00 часот следува проекција на филмот Мајнкрафт, а утревечер, во истиот термин, проекција на македонскиот хит Јон Вардар.