Во рамки на „Зелениот караван” кој го организира „ЦИВИЛ” со поддршка од Фондацијата Хајнрих Бел, денес во просториите на Општина Велес се одржа работилницата „Зелените доаѓаат” посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

„Национализмот е последно прибежиште на неранимајковците”, потенцираше Коцевски.

„Да продолжиме со по зацртаниот пат, да ги прифатиме и негуваме европските вредности, не само декларативно, туку и практично”, рече  градоначалникот Коцевски. Тој дополни дека важна тема на која треба да се посвети внимание  е и заменувањето на досегашната линеарна економија, со т.н. циркуларна, која не само што придоснесува за поголема заштита на животната средина, туку и на зголемувањето на бројот на вработените.

Проектот го презентираше Џабир Дерала, кој го искажа задоволството и благодарноста за пристапноста и одличната соработка со Општина Велес, но и важноста на граѓанското учество и на носителите на одлуки во заедничката соработка на промоција, негување и едукација.

На работилницата присуствуваа претставници од општинската администрација, МВР – СВР Велес и на медиумите.

Присутните разговараа за главните активности што се преземаат во промоција и негување на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот,  но и за екологијата и сите предизвици со кои на локално ниво се соочуваат граѓанките и граѓаните на Општина Велес во однос на комуналната хигиена, работничките права, едукацијата и јакнењето на јавната свест.